Почнаа активностите за уредување на нов паркинг за паркирање на 50-тина возила во населбата 8 ми ноември во Штип

Почнаа активностите за уредување на нов паркинг за паркирање на 50 тина возила во населбата 8 ми ноември во Штип. Паркингот е по потреба и барање на жителите од станбените згради во населбата, а во рамките на проектот е предвидено да се направат и пристапни улици за достапност на возлата до новиот паркин. Градоначалникот Иван Јорданов, вели дека истиот ќе биде целосно осветелн со нови канделабри, а воедно со ова ќе продолжи и уредувањето на влезовите на станбените згради.

“Продолжуваме со инфраструктурното уредување на населба 8 ми ноември. Деновиве се започнати активности за уредување на нов паркиг, веднаш позади неколку станбени згради. Локација која што до сега не била уредена, а согласно деталниот урбанистички план предвидува паркирање на некаде околу 50 тина возила. Како потреба од жителите од станбените згради се започнати активности за да се изгради овој нов паркинг. Во рамките на овој проект е предвидено да се направи и пристапна улица, преку која што ќе има достапност на возилата до новиот паркинг просотр. Истиот целосно ќе биде осветлен со нови канделабри, ќе има дополнителна поврзаност со скалници на околните станбени згради со истиот паркинг. Она што сакам да го најавам дека деновиве не само уредувањето на паркинг површината, актуелно во нас 8 ми ноември ќе продолжи уредувањето на влезовите на станбените згради, кој што се останати не уредени.“, вели Јорданов

Нешто повеќе од два милиони денари се издвоени од буџетот на општината за уредување на паркинг површината, вели Јорданов, а дополнително околу четири милиони денари се издвоени и за уредувањето на влезовите на станбените згради.

Она што додатно најави градоначалникот Јорданов е тоа дека активностите продолжуваат и понатаму во населбите на градот, а со истите Штип се уредува и станува вистински центар на истокот.

Иван Митев, М-Нет