Денес во Чардаклија завршуваат групните натпревари, следуваат полуфиналните средби на Меморијалот „Влатко Петров“

Меморијалниот турнир во Мал Фудбал „Влатко Петров“полека но сигурно преминува во вториот негов дел. На спортскиот комплекс во Чардаклија се одиграа четири натпревари при што се постигнаа следните резултати:

  1. Спиро – Матива 4:1
  2. ТАС Комерц – Еко Оил 3:0
  3. Матива – Драгеви ДОЕЛ 4:3
  4. Еко Оил – Инфинити 0:3

Вечерва на програмата се последните два групни натпревари во кои се среќаваат :

  1. Чардаклија – Драгеви ДОЕЛ
  2. Далга – Инфинити

Колку за потсетување првиот натпревар ќе се одигра во 19.00 часот а вториот меч е со почеток во 19.50 часот: Четврток и петок ќе бидат слободни денови, во сабота ќе се одиграат полуфиналните средби а во понеделник на 2 август ќе се одигра големото финале со почеток во 10.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk