
Фудбалската експедиција на Брегалница се врати во Штип од успешните подготовки на Златибор и ги одбројува деновите за старт на прволигашката сезона. Според информациите од Извршниот Директор Емил Тодев за денес отпадна планираниот контролен натпревар во Кавадарци откако екипата на Тиквеш се откажа од овој пријателски меч. Затоа Брегалница својата „генералка“ ќе ја одигра во недела во Штип против екипата на Силекс од Кратово. Овој натпревар по скоро две годишна пауза ќе се одигра со присуство на публика на градскиот стадион во Штип со почеток во 17.30 часот. Конечно играчите на теренот ќе можат да се „соживеат“ со своите миленици на трибините и ќе значи дополнителен импулс за давање на се од себе и максимум на самите играчи. Колку за потсетување натпреварите од првото коло на Првата Македонска фудбалска лига ќе се одиграат комбинирано на 7 и на 8 август а во првото коло на градски во Штип ќе се сретнат Брегалница – Шкупи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk