Во општина Карбинци в четврток ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци

В четврток на територија на општина Карбинци ќе се прска против комарци. Третирањето против возрасни комарци ќе се спроведе авионски, и тоа во периодот од 05:00 до 08:00 часот, на површина од 300 хектари.

„Третирањето ќе се изврши на површина од 300 ха и тоа:

-200 ха (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до село Чардаклија односно Стар Караорман во должина околу 10 км;

-30 ха оризни полиња под село Крупиште;

-25 ха по течението на Таринска/Раданска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот во река Брегалница до над село Радање;

-20 ха по течението на Козјачка река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот на река Брегалница до над село Козјак;

-25 ха по течението на Аргуличка/Црвулска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот во река Брегалница до над село Аргулица.“ – стои во соопштението испратено од Општина Карбинци.

Од Општината ги известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3 – 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, стои во соопштението од Општина Карбинци.

Ребека Спасова М-Нет