Утре изутрина ќе се спроведе авионска дезинсекција во Штип

Општина Штип ги известува граѓаните дека утре, во периодот од 05:00 до 07:30 часот на територијата на Штип ќе се спроведе авионска дезинсекција со цел уништување на возрасните комарци. Со третирањето ќе бидат опфатени централното и приградското подрачје, како и течението на реката Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на Штип со површина до 850 хектари. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.