
Вечерва Штип ќе пее за Кочани, за загубените животи, и за надежта на повредените. Со почеток од 19:30 часот, на сцената во домот на културата „Ацо Шопов“, уметници од повеќе градови од државата бесплатно со отворени срце ќе настапат во чест на повредените во трагедијата во дискотетка Пулс. Влезот ќе биде слободен, но во просториите на оваа установа ќе бидат постеви кутии за донации. Секоја донација, без разлика на изност ќе претставува хуман гест за подршка на повредените, а истите ќе бидат насочени кон семејствата на кои што им е неопходна финансиската помош. Организаторите на овој хуманитар концерт насловен како Заедно за Кочани ги поканија сите сограѓаните да присуствуваат, со цел да се подржат повредените, но и да се потсетат на загинатите. Ќе бидат претставени познати песни, кои што ќе навратат големи спомени и сеќавања.
Иван Митев, М-Нет