
Викендот ќе бидат одиграни натпреварите од 31. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло може да ги даде екипите кои ќе испаднат во Втора лига заедно со Шкупи кои одамна испадна во второлигашкото друштво.
Пелистер овој викенд ќе има најлесна задача и лесно треба да ги добие трите бодови во мечот со Шкупи и со тоа да го осигурни баражот, а притоа и да го напаѓа седмото место за опстанок.
Утре ќе има две дерби пресметки. Вардар на домашен терен против Силекс, а пак Шкендија ќе игра дерби со Струга на домашен терен. Вардар со триумф над тимот од Кратово ќе ја стане шампион, а пак Шкендија ако загуби ќе „виси“ за второто место.
В недела се натпревари за опстанок во Прва лига. Во Струмица ќе се соочат Брера и Работнички, каде струмичани ако слават сигурно ќе играат бараж за опстанок, а може да дојдат и до директен опстанок, додека пак „романтичарите“ во такви околности ќе испаднат во Втора лига.
Македонија ЃП на домашен терен ќе мора да го добие Тиквеш, бидејќи со пораз „лавовите“ ќе испаднат во второлигашкото друштво. Дерби ќе играат Арсими и Башкими во дуел каде трите бодови се клучни за директен опстанок, поразениот тим од овој дуел ќе биде во ситуација да го бара опстанокот преку баражот.
Александар Ванев, М-Нет