Двојна круна за РК Вардар – „црвено-црните“ повторно шампиони!

фото: РК Вардар


РК Вардар ја заокружи сезоната од соништата со двојна круна, откако по освојувањето на Купот на Македонија, стигна и до шампионската титула. Во големото дерби, вардарци убедливо го совладаа Пелистер со 34:19, по водство од 18:12 на полувремето.
„Црвено-црните“ доминираа во текот на целиот натпревар, играјќи цврсто во одбраната и ефикасно во нападот, па на крајот сосема заслужено стигнаа до нов славенички момент. Со оваа победа, Вардар ја потврди својата ракометна моќ и повторно се искачи на тронот во македонскиот ракомет.