
На три кола до крајот во ракометната Супер лига, Вардар е новиот шампион на Македонија откако синоќа во салата „Јане Сандански“ со 34:19 славеше над ланскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Во меч каде „вардарци“ беа доминантни против битолчани, на крај вардаровите навивачи и верните „Комити“ ја прославија шампионската титула. Инаку, Вардар ја освои двојната круна, откако претходно во Куп финалето во Струмица славеше над Охрид за освојување на Куп титулата.
На три кола до крајот останува само борбата за второто место каде Охрид и Еурофарм Пелистер ја водат таа трка, а во претпоследното коло во меѓусебен дуел ќе решаваат. Инаку, Охрид е втор со 48 бодови, а пак Еурофарм Пелистер трет со 46 бодови.
До крајот Еурофарм Пелистер дома ќе игра со Бутел, потоа следува дербито со Охрид во гости и на домашен терен дербито со Алкалоид, додека пак Охрид ќе игра со Вардар веќе овој викенд дерби на домашен терен, потоа ново дерби со Еурофарм Пелистер, исто така на домашен терен, а сезоната ќе ја затвори против Тиквеш во Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет