
Силекс и Брегалница го отворија 12. коло од Првата македонска фудбалска лига со мечот кој се одигра во Кратово, а кој заврши без победник, но и без голови (0:0).
Брегалница стигна до првиот бод на гостински терен, а Силекс останува и понатаму непоразен на домашен терен.
Во израмнет меч со шанси и на двете страни можеби и „нула“ беше најреален исход во прволигашкото дерби на Истокот каде и двете екипи ги посакуваа трите бодови.
Брегалница барем до утре ќе биде на 7. место со 14 бодови на своето конто, а пак Силекс без разлика на утрешните резултати ќе остане на 4. место со 20 бодови.
Утре Вардар на домашен терен ќе игра со Брера, Шкендија ќе ја пречека Воска Спорт, Гостивар ќе биде домаќин на Струга Трим Лум, Македонија ЃП ќе гира со Тиквеш, а пак скопската пресметка ја играат Шкупи и Работнички.