Башкими со неколку нови засилувања ќе атакува на пласман во Втора лига

Башкими максимално се подготвува за пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Север, во која ќе атакува пласман во Втората македонска фудбалска лига.

За остварување на целта Башкими ангажирање неколку засилувања. На голманската позиција дојде Лука Стојковски од Локомотива, двајцата младинци од Работнички, Бленд Зекири и Ениз Имери, од кои првиот е позајмен играч, Егзон Османи од Беса Влазрими, Ндерим Џемаили од Тетекс и Енис Садики од Кораб.

Како што дознава телевизија М Нет, Башкими во целост го сочува тимот од есенскиот дел и дополнително го засили со овие шест играчи.

Башкими подготовките ги започна на 22. јануари, а досега се тестираше со второлигашот Арсими од Чегране каде загуби со 2:0, а пак со 3:2 беше подобар од Беса. За в недела е закажан пријателски меч против Еуромилк, а пред почетокот на пролетниот дел кој е закажан за 5. март, Башкими ќе одигра уште два пријателски натпревари.

Од клубот за телевизија М Нет велат дека амбициите се Башкими да заврши на врвот од табелата со тоа да го обезбеди баражот и да се врати во Втората македонска фудбалска лига.

Пролетниот дел Башкими го отвара на гостински терен против екипата на Илинден, каде гостите од Куманово ќе ја имаат улогата на фаворит.

Инаку, во пролениот дел Башкими заедно со БВК Коњаре ќе ја води битката за врвот од табелата, во оваа битка ќе се вмеша и третопласираната Фортуна.