Натпреварите од Прва и Втора лига викендот ќе започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот во Турција и Сирија

Викендот ќе започне пролетната полусезона со натпреварите од 19. коло во Првата лига и натпреварите од 16. коло во Втората лига. Комисијата за натпревари на ФФМ одлучи натпревари да започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија.