Атрактивно и ефикасно со 24 постигнати голови на 6 натпревари во првото третолигашко коло – Исток

Конечно започнаа и фудбалските возбудувања во Третата Фудбалска лига на Македонија – Исток во која се натпреваруваат вкупно 12 екипи.

Веднаш на стартот фудбалерите на сите екипи покажаа дека се желни и жедни за фудбал и уште во првото коло се распукаа со сите расположливи сили.

На вкупно шест натпревари беа постигнати дури 24 голови или статистички гледано тоа се по 4 голови на натпревар.

Најрасположени беа стрелците во Радовиш и во Чешиново каде што беа постигнати по 7 голови. Еве ги комплетните резултати од првото третолигашко коло од групата Исток:

Раклиш – Хоризонт 1:6

Малеш – Овче Поле 2:1

Чешиново – Тиверија 5:2

Спартмани – Детонит 1:0

Карбинци – Брегалница Д 1:1

Работник – Василево 4:0

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk