„Фаланга“ и „Ултра Банда“ за последен пат на западната трибина со „баклијада“ ја прославија победата на Брегалница

Фудбалерите на Брегалница извојуваа висока победа во средбата со тимот на Слога од Виница изразена со резултат 6:1. Стрелци на головите за Брегалница беа Ристе Наумов и Дарко Додев кои постигнаа по 2 гола, и Мартин Стојанов и Андреј Кудијан кои постигнаа по еден гол а стрелец на голот за Слога беше Антонио Бујчевски. Она што предизвика внимание и емоции на „градски“ во Штип беа булдужерите кои чекаа на готовс да ја „нападнат“ западната трибина која заминува во вечноста. Можеби 40 тина години штипјани се радуваа, прославуваа и грлато навиваа од оваа трибина на чие место ќе се изграда нова, современа и европска трибина – проект на ФФМ и на УЕФА на која едноставно ќе се ужива во следењето на првенствените, но и на меѓународни натпревари. Поради пандемијата и протоколот кој не дозволува присуство на публика, навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ од Штип, веднаш по натпреварот со свое специфично сценарио кое содржеше вистинска баклијада на емотивен начин за последен пат од западната трибина се простија од неа а воедно и ја прославија високата победа на Брегалница.

Вториот претендент за највисок пласман тимот на Тиквеш рутинирано славеше победа од 3:0 во средбата со прилепска Победа и ја продолжува мртвата трка со штипските сини.

Еве ги комплетните резултати од ова 7 второлигашко коло

Табела

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk