Тешка кражба во овоштарник во Зрновци

На 11.10.2020 година во 08.35 часот во СВР Штип било пријавено дека од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба во овоштарник, сопственост на ДООЕЛ ,,Мотекс-Зрновка“, лоциран во место викано „Убаво поле“, атар на село Зрновци, при што било одземено поголемо количество овошје. По овластување на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.