Астибо новата сезона ја отвара во Штип против Спартак, шампионот Ѓорче Петров одбраната на титулата ја почнува против Куманово!

Новата сезона во ракометната Суперлига во женска конкуренција ќе биде отворена во првиот викенд од месец септември односно 6 и 7 септември со натпреварите од првото воведно коло.

Веќе е познат и распоредот за првата рунда од женската ракометна елита, па така екипата на Астибо предводен од тренерот Дејан Величков, сезоната ја отвара на домашен терен во Штип против Спартак.

Шампионот Ѓорче Петров одбраната на титулата ја започнува против Куманово на домашен терен, ќе има и скопско дерби уште во првото коло Металург Автокоманда ќе игра со Вардар, а пак Пелистер во Битола ќе се соочи со екипата на Чаир.

Како што веќе информиравме од следната сезона покрај Суперлига во женска конкуренција ќе има и Прва лига, а тоа значи дека во Суперлигата ќе настапат осум екипи, меѓу нив и штипски Астибо, кој минатата сезона избори историско учество во плеј-офот.

Во Суперлигата всушност настапуваат сите екипи од минатата сезона кои беа дел од плеј-офот плус првите две екипи од плеј-аутот, а тоа се Спартак и Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет