ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци ќе добие шест смарт табли и канти за селекција на отпад

Шест смарт табли ќе добие основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци, како и канти за селекција на отпад. Денеска се потпишаа договорите со Центарот за развој на ИПР. До крајот на месец август смрт таблите треба да бидеат набавени и веќе од почетокот на учебната година да се користат како во централното училиште така и во дел од подрачните училишта на територија на Општина Карбинци.

„Овој проект е значаен за регионот, за Истокот. Ние сме во една фаза на модернизирање на нашите училишта односно Општина Карбинци континуирано вложува во делот на образованието.“ – вели Паунов.

Во претходниот период започнаа со реализација проектите за набавка на возила за смет за општините Штип и Чешиново – Облешево. Во наредните денови ќе се набават и смрт таблите за училиштето во Карбинци, но и во девет други општини.

„Во наредните денови ќе распишеме јавна набавка за смарт табли со кои ќе се подобрат условите во образованието. Овој проект докажува дека и центарот, но и општините од Истокот приоритет му даваат на образованието, подобрување на условите. И во наредниот период ќе продолжиме да бараме средства за подобрување на условите.“ – вели Здравков.

Овој проект е со предност од 420 илјади денари, средства обезбедени од Министерството за Локална самоуправа, а како дел од програмата за Специфични подрачја имплементирани преку Центарот за развој на ИПР.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет