
До месец септември ќе биде готова детската градинка во село Тарицни, која ќе биде комплетно опремена и готова за користење. Според изјавата на градоначалникот Виктор Паунов, моментално се работи на завршување на фасадата, кровната конструкција и дворното уредување. Тој нагласи дека, по завршувањето на градинката, таа ќе биде опремена со современ инвентар, кој ќе овозможи квалитетно образование и воспитување во безбедни услови.
,,Детската градинка е во финална фаза, тоа значи дека се работи на фасадата на покривот, кои што се во завршување. Спремна е за внатрешно уредување. Очекувам во текот на месец август да биде набавен и оној инвентар кој што е потребен согасно спецификациите и ќе биде целосно опремена, а дотогаш да заврши и она што значи фасада, дворно уредување и кровната конструкција.“, рече Паунов
По завршувањето на работните активности, градоначалникот Паунов најави и пуштање на градинката во употреба, што значи дека од оваа есен, градинката ќе пружи дополнителни места за дечињата од општината.
Инаку со пуштањето на градинката во употреба од оваа есен, Општина Карбинци ќе обезбеди нови места за дечињата од село Тарицни и околните населени места, со што ќе се подобрат условите за рано образование и развој на најмладите генерации.
Иван Митев, М-Нет