Штипските пензионери утре ќе учествуваат на одбележувањето на денот на инвалидите во Пробиштип

Утре штипските пензионери ќе учествуваат на одбележувањето на Денот на инвалидите во Пробиштип. Настанот ќе ги обедини здруженијата од повеќе градови, со цел заеднички да се истакне поддршката за лицата со инвалидитет. Штипската група ќе настапи со подготвена културно-уметничка програма, како дел од заедничката иницијатива за поддршка и видливост на оваа заедница. Деталите ги објаснува претседателот на здружението на пензионери Штип Ристе Нетков.

,,По повод денот на инвалидите 3 декември, ние како здружение се поканети од здружението на слепи да земеме учество со нашата фолклорна група на настап кој што ќе се одржи во Пробиштип, утре со почеток од 11 часот во просториитена ЗП Пробиштип. Нашето здружение ќе се претстави сo две песни, а покрај од Штип, ќе има и здруженија од земјава и странство.“, рече Нетков

Нетков, рече дека тие како здружение секогаш им излегуваат во пресрет на лицата со инвалидитет, како во областа на културата, така и во спортот и остантите активности. Потенцираше дека ваквите лица секогаш им се во прв план.

,,Ние на лицата инвалиди им излегуваме секогаш во пресрет во повеќето области. Како во областа на културата, така и во спортот и останатите активности. Со времето на годините и староста секогаш се јавуваат нови и нови болести, па така и наши членови преминуваат во здружението на инвалиди. Ние им излегуваме во пресрет најповеќе за заедничките активности, земаме учество во сите нивни активности за да истит бидат што поголеми. А исто учествуваме со заеднички проекти до одредени институции и фондови со цел да можат да бидат напредните во партиципација и фансиите.“, потенцираше Нетков

Иако вакви лица има околу 70 тина лица во Штип, сепак Нетков нагласи дека бројката постојано се менува, бидејќи многу често имаат и лица кои што имаат нешто повеќе од 50 години

Инаку, мегународниот ден на лицата со инвалидитет се одбележува секогаш на 3 декември, а истот има за цел да ја подигне свеста помеѓу граѓаните за да често им се помага на ваквите лица.

Иван Митев, М-Нет