Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.
Текстот Времето денес сончево со температура до 37 степени е превземен од МАКФАКС.