
Одлично се одвива динамиката на поставување на модуларни ковид болници на секаде низ државата. Вакви модуларни центри ќе бидат поставени во неколку приоритетни градови како: Гевгелија, Кичево, Струга, Струмица, Куманово како и град Штип. Овој модел се прави со помош на Светската банка, која придонесе со значителни финансиски средства.
„Модуларните болници се квалитетно опремени, сите со соодветна дијагностичка опрема, лабараторија, мобилни дигитални ренген апарати и ехо апарати. Со поставувањето на оваа модуларна болница во Штип, се добива уште една работа какопредност, а тоа е веќе потпишаниот договор за целосно реновирање на сегашното Инфективно одделение“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Модуларната ковид болница се подига со средства којшто доаѓаат од заемот од Светската банка. Од вкупно 100 милиони долари, на здравството му припаѓаат 34 милиони долари.
„Од сите тие 34 милиони долари, ние направивме еден соодветен план, во еден дел поставување на модуларни болници, друг дел за нивно опремување со медицинска и немедицинска опрема, набавка на тестови, набавка на лекови, опремување на други болници и слично“ – истакна Филипче.
Капацитетот на модуларната ковид болница во Штип е 42 кревети, со еден посебен болнички дел , испланирано да биде целосно изолиран од службените простории за здравствените работници, целосно изолиран делот за дијагностика и дел за стручни состаноци, – информираше Филипче.
Најавената модуларна болница за во Општина Кочани, не е ставена на листата на приоритети бидејќи како што кажа Филипче, близината на Кочани и Штип, овозможува полесен транспорт на пациенти, предност му се даде на Штип, но се очекува во следниот период да биде направена модуларна ковид болница и во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет