Денес се празнува Светата великомаченица Варвара

Денес, 17 декември христијаните го празнуваат еден од поголемите празници. Празникот на светата великомаченица Варвара.

Култот на светата великомаченица Варвара е доста раширен во Македонија. На овој ден се вари пченка, за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.

Света Варвара пострадала во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, Св.Варвара многупати им се јавува на  мнозина понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.

Надица Стојковска/ М Нет

Игор Зиврев/ М Нет