Утре во институтот за трансфузиона медицина Штип ќе се спроведе крводарителска акција, се повикуваат крводарителите

Утре во институтот за трансфузиона медицина Штип со почеток од девет часот ќе се спроведе нова крводарителска акција. Се повикуваат сите заинтересирани и хумани граѓани на општината да ја искористат приликата и да ја покажат својата дарежливост, која чини многу за лицата на кои им е неопходна истата.

“Да ги повикам сите хумани граѓани да се вклучуваат активно на нашите повици за крводарување и во учество во крводарителските акции. Веќе да ја најавам и следната крводарителска акција, која што ќе се одржи на седми август во институтот за трансфузиона медицина Штип, од 9 до 14 часот, така да очекуваме голем број на сограѓани да се вклучат во оваа акција”, вели Деспина Димитровска, секретар на “Црвен Крст”

Оваа организација покрај што спроведува вакви акции, исто така во текот на летниот период активно е вклучена и во активностите за заштита на населението од топлотниот бран со доделување на флаширана вода, како и доделување на флаери за заштита од пожари.

“Во текот на летниот период црвен крст активно превзема активности за заштита на населението од топлотни бранови, преку дистрибуција на флаширана вода, како и на флаери кои што содржат совети како граѓаните да се заштитат со топлотните бранови, но и флаери за едукативен материјал за да се заштитат од шумски пожари” додава Димитровска

Крводарителството во државата се темели на принципите на доброволност, анонимност, беслатност, но и солидарност. Со дарувањето крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраста, полот, расата и националноста.

Лаура Стојанова, М-Нет