Зголемен бројот на пациенти со инфективни болести, се аплира на поголема хигиена и внимание

Инфективните болести се заболувања кои се предизвикани од патогени микроорганизми- бактерии, вируси, паразити, габички и друго и нивното појавување е од сезонски карактер. Во периодов на прво место се пациентите со гастро-инфективните заболувања со дополнително покачена температура, вели инфектологот Дијана Шишкова и додава дека во исто време се зголемува бројот и на пациентите со долнореспираторни инфекции.

„Типично е за нашите инфективни болести, дека имаат сезонски карактер на појавувањето. Како и другите лета, така и ова лето доминираат неколку типови на инфективни заболувања. На прво место се пациентите со гастро- инфективните заболувања во смисла на повраќање, пролив, малаксаност, многу често дијареа, а често од нив имаат покачена температура. Имавме значително зголемен број на хоспитализирани пациенти со долнореспираторни инфекции “ , вели Шишкова

Причините за ваквиот тип на заболување се претежно од нехигиенска основа, дали тоа од нечиста вода во која се бањаат лицата, или пак не испитана за конзумирање, како и недоволно миење на раце и на дел од исхраната.

“Бањање во некои води, кои не се добри хигиенски, реки, базени, кои не се одржуваат правилно. Не чиста вода за пиење исто е дел од причините. Треба да одржуваат добра лична хигиена, со редовно миење на раце, со употреба на чиста вода за пиење, храната да биде убаво термички обработена, да биде чува во фрижидер. Најчесто се пррепорачува свежо припрема на храна и правилно да се чуваат намирниците во фрижидер.“, истака Шишкова

Овие заболувања покрај другото, се пренесуваат и од инфициран човек или животно и имаат сколоност да се распространуваат во вид на епидемии. Овие болести постојат откако постои човештвото и се спомнуваат уште во најстарите времиња на докторите Гален и Авицена.

Лаура Стојанова, М-Нет