Измамите стануваат се почести граѓаните стравуваат од онлајн купување

Онлајн купувањто зема се повеќе замав и станува тренд во денешно време. Заинтересираните граѓани преку само неколку чекори можат да купат производ кој само за одреден број работни денови ќе се најде во нивните раце. Анектираните граѓани за М-Нет телевизија споделија различни искуства и велат дека ваквиот вид на купување носи и негативни последици, бидејќи постојат голем број на онлајн продавници кои воопшто не се регистрирани како правни субјекти и своите производи најчесто ги рекламираат преку социјалните мрежи па затоа се во голема недоумица кога сакаат да нарачат нешто од интернет.

“Тоа е само за пари ништо не е квалитетно јас имам два пати три пати порачувано никогаш повеќе. Ништо не погодуваат за подарок ќебиња од Струмица зедов на трите внучиња ги подигнав беа изгорени не сакаа да ги вратат ме блокираа, синот мораше да се расправа за да ги вратат за да ми дадат квалитетни. Јас сум ги зела за подарок а не за нешто друго не знам зошто тоа не го укинат. Ништо квалитетно нема ништо, тоа е се лага за пари“

„Според мене мислам поубаво е да пробам ако веќе купувам сега гледам дека многу е напреднато онлајн купувањето по телефоните и ги носат до дома. Стигнуваат барем што гледам од внуците, секаде има лага ако го купите од продавница зарем не можат ли да ве излажат?“

Купувачите најчето се жалат дека не го добиле она што го порачале. Има случаи кога купувачите добиваат расипани и нефункционални производи при што се обидуваат да го заменат купеното, но наместо да бидат услужени, тие најчесто се блокирани од страната на несовесните продавачи кои ги има во се поголем број

Од организацијата на потрошувачи на Македонија советуваат до потрошувачите да не даваат премногу лични податоци доколку им се сомнителни онлајн продавниците од кои сакаат да купат но и секогаш да ги проверуваат своите сметки и извештаи од банка по извршено плаќање.

Лаура Стојанова, М-Нет