УО на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во Првата, Втората и Третата лига, како и за Купот на Македонија!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои пропозициите за натпреварување во Првата, Вторта и Третата македонска фудбалска лига за сезоната 2025/2026, а исто така беа усвоени и пропозициите за Куп натпреварувањето во сениорска машка конкуренција за следната сезона 2025/2026.

Уште една поголема и поважна промена има со освојување на измените и дополнувањата на правилникот за регистрација, саттус и трансфери на фудбалерите.

Согласно измените се отвара можност клубовите од Првата и Втората македонска фудбалска лига, кои имаат склучено професионален договор со фудбалер, кои согласно својата возраст може да настапува и за младинци, да може и по склучување на професионалниот договор да настапува и во екипата на клубот во младинци.

На вчерашната седница на Управниот одбор на ФФМ беше донесена одлука со која Емил Божиновски е именуван за нов претседател на Судискиот одбор, на местото на Александар Ставрев. Јосип Бартон е назначен за член на Судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.

Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија и долгогодишен интернационален судија со богата кариера на домашната и европската сцена.
Божиновски судел на натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификации за големи натпреварувања, а по завршувањето на кариерата Божиновски продолжи да работи како контролор на судење на натпревари во организација на УЕФА и ФИФА.

Во рамки на ФФМ, Емил Божиновски, одреден период беше претседател на Судиската комисија, одговорен за организацијата и развојот на судиите, како и за спроведување на стручни семинари и воведување на нови технологии, велат од ФФМ.

Александар Ванев, М-Нет