
Општинскиот фудбалски сојуз Кочани, додели признанија за најдобрите од минатата сезона 2024/2025 во знак на постигнатите резултати, посветеноста и придонесот кон афирмацијата и развојот на фудбалот во општина Кочани.
ОФС Кочани од страна на претседателот Александар Андов додели признание на ЖФК Кочани, за освоеното прво место во Втората лига и со тоа обезбедување на влез во Првата женска фудбалска лига, со што клубот се врати во македонската фудбалска елита.
ОФС Кочани додели благодарница на ФК Фудбалс Старс за освоеното прво место во категорија генерација 2010 со што се потврува квалитетот и одличните резултати, а пред се посветената работа кон младите фудбалски таленти.
ОФС Кочани додели благодарница на ФК Каменица Саса за освоеното прво место во категоријата генерација 2009, како резултат на континуирана работа, тимска посветеност и спортски дух со што допринесуваат за афирмацијана фудбалот во целиот регион.
ОФС Кочани изразува благодарнсот за придонесот на клубовите, тренерите и спортски работници, како и родителите и самите фудбалерки и фудбалери за унапредувањето на фудбалот, спортската култура.
Александар Ванев, М-Нет