ТФТ и Тиквеш со први засилувања за новата сезона во Првата кошаркарска лига, Димоски во стручниот штаб на Феникс

Екипата на Тиквеш за новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија се засили со Благој Димитријев, кој во Кавадарци доаѓа од редовите на Феникс.

Се работи за кошаркар кој може да покрива на позициите 4 и 5, а треба да претставува одлично освежување во редовите на Тиквеш за новата сезона.

Вицешампионот ТФТ за новата сезона се засили со американскиот интернационалец Џастин Гордон, а ќе стави потпис на договор од една година. Новиот играч на ТФТ може да покрива на позициите 3 и 4.

Гордон во македонскиот прволигаш доаѓа од редовите на Нитра од Словачка, а има настапувано за екипи од Австралија, Аргентина, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија.

ТФТ во новата сезона ќе игра во АБА 2 лигата.

Во стручниот штаб на Феникс ќе биде Предраг Димоски. Екипата на Феникс минатата сезона се врати од Втората во Првата лига.

Колку за потсетување Првата лига ќе се намалува од 12 на десет екипи со цел да се добие на поголем квалитет.

Александар Ванев, М-Нет