
Од следната сезна започнуваат промени во системот на натпреварување во Првата и Втората лига, а кои промени се случуваат со кратењето на двете лиги.
Како што веќе е познато Првата лига ќе се скрати од 12 на десет екипи, а пак Втората лига од 16 на 14 екипи. Од следната сезона влезот во Прва лига ќе биде многу потежок, бидејќи само шампионот во Втората лига ќе има директен влез во Прва лига, а останатите ќе играат бараж.
Во следната сезона 2025/2026 првопласираниот второлигаш ќе има директен влез во Прва лига, а пак вториот во Втората лига ќе игра бараж со деветиот од Прва лига, а пак третиот од Втора лига со осмиот од Прва лига.
Ова ќе значи исклучително тежок пат за второлигашите преку овој бараж да дојдат до Прва лига.
Овој бараж од сезона 2026/2027 ќе изгледа поинаку. Останува исто шампионот на Втората лига да има директен влез во Прва лига, додека пак екипите од второто до петтото место ќе играат бараж меѓусебно.
Втората екипа ќе игра со петтата екипа, а пак третата екипа ќе игра со четвртата екипа. Победникот од дуелот меѓу вториот и петтиот ќе игра со бараж со деветиот прволигаш, додека пак победникот од дуелот меѓу третиот и четвртиот ќе игра бараж со осмиот прволигаш.
Александар Ванев, М-Нет