Во с.Ранчинци, Свети Николе опожарени викендица, две помошни простории и сува трева, нема повредени

На 27.06.2025 во 17.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на место викано „Авлии“ во с.Ранчинци, Свети Николе, настанал пожар во кој опожарени биле една викендица, две помошни простории и сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица-Свети Николе. Повредени лица нема. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен увид од увидна екипа од СВР Свети Николе.