
Второто коло на Првата ракометна лига го носи гостувањето на штипски Текстилец во Ресен кај Препса, каде штипјани ќе бараат втор триумф, а пак Преспа прва радост.
Мулти Есенс како апсолутен фаворит ќе го пречека Шампион, додека пак Аеродром ќе се обиде да парира на големиот фаворит Драчево Јуниор.
Партизан на домашен терен ќе го пречека Младост од Богданци, тим кој ќе биде исто така апсолутен фаворит, а кој во првото коло одмараше, откако пред стартот на новата сезона струмички Астраион се откажа од натпреварување.
Вардар Неготино на домашен терен како фаворит ќе игра против Кичево, а пак Македонија ЃП пред домашната публика ќе атакува на победа против Овче Поле од Свети Николе.
Александар Ванев, М-Нет