
Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 од Штип деновиве ќе одигра два подготвителни натпревари, како дел од календарот за подготовки пред почетокот на кошаркарската сезона.
Денес (18.09) со почеток од 17:00 часот во СЦ Јордан Мијалков ќе одигра пријателски меч против новиот прволигаш КК Маџари од Скопје, а влезот за натпреварот ќе биде слободен.
Во сабота (20.09) со почеток од 17:00 часот во СЦ Јордан Мијалков ќе се одигра вториот пријателски наптревар против КК Феникс, исто така влезот за љубителите на кошарката ќе биде слободен.