
Со одигрување на вчерашните два бараж натпревари заврши фудбалската сезона 2020/2021 во која се познати сите 12 екипи на Првата фудбалска лига на Македонија. Тиквеш го победи тимот на Силекс со резултат 1:0 и им се придружи на Брегалница и на Скопје во прволигашкото јато во кое остана Ренова победувајќи го во баражо Охрид после пенал – рулетот. Сега Првата фудбалска лига на Македонија изгледа вака:
- Шкендија
- Шкупи
- Струга ТЛ
- Македонија ЃП
- Работнички
- Пелистер
- А.Пандев
- Борец
- Ренова
- Брегалница
- Скопје
- Тиквеш
Во најелитното друштво ќе ги нема Вардар и Силекс, но по извесна пауза се враќаат, Брегалница по четири годишна пауза, Скопје по две годишна пауза и тимот на Тиквеш по пауза од 17 години. Ова е потврда дека и во новата прволигашка сезона ќе има и те како интересни натпревари и некогашни традиционални дерби средби со што ќе се добие и еден нов прволигашки шмек.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk