Сапун од козјо млеко е хобито на Стојанче од Штип, се прави по стар рецепт за помош на луѓето

Од козјо млеко, гасена сода бикарбона и уште неколку намирници Стојанче од Штип е еден од малкумината кои сѐ уште произведуваат сапун. Пред камерите на М-Нет текевизија вели дека сапунот има доста придобвки за луѓето, а наајголемата е што истиот е природен и многу ефикасен. Уште од мали години се учи да прави сапун, и како старо хоби го практивува и ден денеска. Вели најмалку два дена се потребни за да се направи калап сапун, тешко и не е исплатливо, ама барем е занимација, а и помош за граѓаните кои имаат мака. Не е скап на пазарот во Штип се нуди за цена од 50 до 60 денари парче, а има граѓани кои постојано го бараат и купуваат.

„За бубалици, за црно нешто, вадење флеки од облека, за миење глава. Се прави од козјо млеко и грес маст. Тешко е да се направи ама да се занимава човек со нешто. Јас научив да правам сапун од старите, останало и правам го многу оддамна. Цената му е 50 денари – 60 денари парче. Го бараат луѓето, купуваат, кој си има мака купува.“ – вели Стојанче.

Растење на коса, вадење флеки од облека се само дел од придобивките на сапунот од козјо млеко. За разлика од сапунот кој претходно се правел од свинска маст, овој мирсија пријатно, а може да го користат и муслиманите. Граѓаните кои ги научиле придобивките на овој сапун го купуваат во поголеми количини и се задоволни од истиот.

„Обично за глава го користам и во бања Кежовица. Наводно е добар. Користам го подолго време, постојано го купувам“

Сапунот од којзо млеко на Стојанче од Штип се прави по рецепт стар со години, а како што вели тој малкумина денеска го произведуваат. За да го негува она што го научил од постарите, Стојанче купува млеко го преработува и добива природен здрав сапун.

Лаура Стојанова М-Нет