Промовирана книгата „Штип европски град на спортот“ во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип

Во просториите на Мултимедијланиот центар „Киро Глигоов“ беше промовирана книгата „Штип европски град на спортот“ од Кирил Манев. Како што вели самиот составена е од 4 дела. Во Привот се зборува за прогласувањето на градот како европски град во спортот, во вториот за најзначакните европски и светски резултати, третиот за европското прогласување на најдобрите спортисти на градот за 2023 година и последниот за најдобриот клуб на општината во 2023 година.

„Книгата е составена од четири дела, првиот дел е посветен на прогласувањето за штип за европски град во спортот, вториот дел е посветен на најзначајните европски и светски резултати на Штип, третиот дел на европското прогласување на најдобрите спортисти на Штип 2023 година а четвртиот дел е посветен на најдобриот клуб во општината во 2023 година, тоа е одбојкарскиот клуб „Штип“ кој постигна историски успех, го освои купот на Македонија исто така беше втор во државното првенство„ изјави Манев

„Сите спортисти и спортски работници заслужуваат едно вакво признание да бидат ставени во оваа книга.“ посочи Манев

Во оваа прилика градоначлникот Иван Јорданов, посочи дека оваа книга ќе остане трае белег како за градот така и за Штипјани за истата да се споменува и на генерациите кои допрва доаѓаат

„Овој траен белег кој што е преточен во оваа книга ќе остане засекогаш помеѓу Штипјани да го одбележи времето кое што поминало, времето кое што е забележано во оваа книга, влагодарност до авторот Кирил Манев, и благодарност што сум дел од овој настан и што имам чест да бидам градоначалник во време кога е креирана оваа книга и кога е создадено ова дело кое што ќе остане за Штип и за граѓаните на нашата општина.„ изјави Јорданов

Како следна книга, Манев посочи дека ќе пишува за шесте олипијци за градот Штип, каде за секој поеднично и подетално ќе им ги претстави на Штипјани.

Лаура Стојанова, М-Нет