
Штипјанецот Данил Николиски освои бронзен медал на Европскиот куп „German Open“, кој се одржува во Хале Лајпциг, Германија, и уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната спортска сцена.
Николоски се закити со бронзениот медал во дисциплината Fighting System, во конкуренција до 21 година, во категоријата до 56 килограми (U21 -56 кг), остварувајќи значаен резултат за македонското џиу-џицу.
Под водство на тренерот Христијан Јованов, младиот штипски борец уште еднаш ги покажа својата борбеност, квалитет и посветеност, изборувајќи место меѓу најдобрите на европскиот подиум.
Овој успех претставува уште едно признание за трудот и посветеноста на Данил, но и потврда за напредокот на македонското џиу-џицу и успешната работа со младите спортисти.
Бронзата од Германија е нов голем успех за Данил Николиски, кој е член на клубот Осенсеи и уште една причина за гордост за Штип и македонскиот спорт!