СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

Секој изминат месец имаше нови поскапувања, велат од СДСМ.

„Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари.

Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство.

Околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, а минималната плата останува закована на 26.000 денари. Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот.

Тоа е реалноста зад бајките на Мицкоски: не трета економија во Европа, туку животен стандард на една третина од европскиот.

Арамијата Мицкоски ги одби мерките на СДСМ за заштита на стандардот на почеток на кризата. Одби минимална плата од 600 евра, одби поддршка за земјоделците. Цела година гледа како растат цените, а одбива да им помогне на граѓаните.

Од јануари наредната година се најавуваат нови поскапувања, повисоки сметки за струја и парно.

Додека во Европа се преземаат мерки против новиот енергетски удар, владата на Мицкоски ги остава граѓаните сами.

И со новиот ребаланс повторно исто: нема повисока минимална плата, нема мерки против поскапувањата, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати, чија сметка ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

За само две години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот досегашен долг на државата.

Долг врз долг, ребаланс врз ребаланс – а за народот нема пари, граѓаните сè потешко живеат.

Оваа сиромаштија е последица на одлуките на Мицкоски, да нема пари за работниците, да има само за партиските тендери“, стои во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија е превземен од МАКФАКС.