Ноќ за паметeње за Тиквеш откако го освои Купот на Македонија и ќе игра во фудбалска Европа!

За првпат во клупската историја Тиквеш го освои Купот на Македонија откако со 2:1 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше со 2:1 над Воска Спорт од Охрид.

Ова е историја за Тиквеш, историја за Кавадарци, верните „Лозари“ во дулириум, трибината каде беа сместени верните навивачи грмеше и ечеше во пиротехничко шоу, Тиквеш обезбеди фудбалска „виза“ и ќе игра во фудбалска Европа.

Фудбалерите на Тиквеш беа пречекани во Кавадарци како големи херои, фудбалери кои со златни букви ќе бидат испишани во историјата на Тиквеш.

Околи 10.000 навивачи од Кавадарци пристигнаа на Арената „Тодор Проески“ за да го бодрат Тиквеш во големото финале, па затоа се славеше до доцна во ноќта.

Кристијан Стојкоски со фантастичен слободен удар во 41. минута постигна гол за водство на Тиквеш од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Луан Силва во 59. минута ја стресе мрежата на Захов за 2:0.

Воска Спорт успеа да се врати во игра откако Николче Шаркоски во 79. минута постигна гол за 2:1, а со тоа се врати неизвесноста околу тоа дали Тиквеш ќе ја сочува предноста или охриѓани ќе може да изненадат со израмнуање.

Воска Спорт имаше една голема шанса преку Марушиќ, но Ренер интервенираше одлично, откако претходно направи грешка со која ја врати Воска Спорт во игра.

Конечниот резултат е 2:1 и со тоа Тиквеш е победник во 31. издание од финалето од Купот на Македонија.

Пред Тиквеш сега е жешко лето и ќе мора да се подготвува екипата за европсктие квалификации.

Александар Ванев, М-Нет