ПРИЈАТЕЛСКИ: Тетекс ја доби Беса, Беласица и Кожуф ремизираа во Струмица

Второлигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари со цел темпирарање на формата за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.

На првиот пријателски натпревар победа за Тетекс, екипа која долго време немаше позитивен резултатот во ВМФЛ, па забележа триумф на контролката против Беса од Добри Дол со 2:1.

Во пролетниот дел „штофарите“ ќе имаат неизвесна пролет кога е во прашање опстанокот, што е прва цел на новиот тренер Љупло Марковски – Калц.

Резултатот беше во втор план, бидејќи целта на тренерите беше да се провери квалитетот на екипата и подготвеноста на играчите во овој момент од подготовките.

Во Струмица се одигра пријателски натпревар помеѓу Беласица и Кожуф, кој заврши без победник со по еден гол во мрежата (1:1).

И на овој меч тренерите Благој Гуцев и Трајче Сенев ја проверија подготвеноста на играчите и им дадоа шанса на играчите.