Маричиќ: Реформите во судството даваат резултат

Со цел правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со незиното спроведување денеска 25 октомври се одбележува Европскиот ден на правдата.  Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судиите, медијаторите, нотарите со граѓаните,  извршителите со граѓаните, давање информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање на локални конференции и сл.

Секоја година, нашата држава се вклучува во одбележување на Европскиот ден на правдата. Годинава Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека во изминатиов период се преземени голем број чекори за реформи во судството и истите даваат резултати.

Денеска, кога се одбележува Европскиот ден на правдата сакам да ви порачам дека Министерството за правда и Владата продолжуваат уште посилно да работата за модернизација на судството, што веќе резултира со зголемена транспарентност и ефикасност. Дозволете ми да ве потсетам дека само за една година успеавме да ги намалиме судските такси за 8 пати, успешно спроведовме попис, ги дигитализиравме услугите за граѓаните, донесовме нов Закон за заштита на личните податоци со кој се гарантира поголема дигитална безбедност за граѓаните, направивме измени на Кривичниот законик и на тој за граѓанска одговорност, со кои заштитата на новинарите сега е на многу повисоко ниво. “ кажа Маричиќ.

Тој исто така додаде дека Започна филтрација во судството и досега 16 судии се разрешени поради пропусти во работењето.

„Обезбедивме меѓународен мониторинг на судските случаи за висока корупција и организиран криминал. Зголемени се платите на судската полиција. Постигнат е договор за етапно зголемување на платите на судиите и судската администрација. Се разговара и со обвинителите. Министерството за правда се отвори за средношколците кои сега тука извршуваат практична работа. Се реконструираат повеќе затвори. Затворската полиција добива нови униформи и ова навистина е само дел од работите кои успеавме да ги направиме за само една години“, напиша Маричиќ.

Лаура Стојанова М-Нет