Од денес двајца штипјани со титули магистер по спорт и физичко образование

Спортски Штип од денес е побогат за уште двајца врвни спортисти кои се стекнаа со високи универзитетски титули. Имено фудбалскиот виртоуз и тренер на најмладите категории Дарко Митев како и пингпонгарскиот великан и тренер Ване Барбареев денес успешно ги одбранија своите магистерски трудови и се стекнаа со титулите Магистер по Спорт и Физичко образование.

Ова е ново признание за штипскиот спорт со кое се докажува дека спортската активност со паралелна едукација исфрла на виделина наши штипски спортски стручњаци кои во догледно време ќе се докажат со изнаоѓање, воспитување, тренирање и афирмација на многу раскошни таленти. Спортската редакција на Мнет ТВ им честита на Дарко Митев и на Ване Барбарев со желба на испoлнување на нивните зацртани стручњачки идеи во правилен развој на штипските спортски таленти.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk