Захариев: Ние сме генерација која не ветува само, туку и реализира

Караванот на ВМРО ДПМНЕ вечерва беше на средба со граѓаните од улица Косовска. Кандидатот за градобначалник Иван Јорданов и носителот на советничка листа Владко Захариев со ветување за подобра инфраструктура, нови детски игралишта за жителите од оваа населба.

„Да ги запознаеме со објекти со кои што се обврзуваме и со кои што по промените којшто ќе се случат ќе се потрудиме да ги подбриме условите за секојдневно функционирање на жителите од овие населби. Тоа се подобрување на постоечката инфраструктура, подобрување на осветлувањето, реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, спортски и детски реквизити, се со цел да се подобри квалитето на живот“ – кажа Јорданов.

„Караванот на ВМРО ДПМНЕ моментално се наоѓа на ул. „Косовска“. Целта на овие мини митинзи е да може граѓаните да се запознаат со нас советниците исто како и со идниот градоначалник Иван Јорданов“ – додаде Захариев.

Захриев истакна дека тие се нова генерација на политичари, кои не само што ветуваат, туку и реализираат.

Лаура Стојанова М-Нет