
Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, доктор Сашко Николов и кандидатите за советници вечерва на мини митинг во една од најголемите населби во општината. Насеба „Сењак“ или Монте Кароло за Николов ќе биде местото каде ќе се започне со изградба најголемата раскрсница во Штип.
„Денеска се наоѓаме во најголемата населба во Општина Штип, тоа е населба „Сењак“ или како што јас сакам да го кажам „Монте Карло“ во нашата општина. Овде сме точно на местото каде што ќе започне за брзо време да се работи и најголемата раскрсница, тоа е раскрсницата на „Борис Краѓер“ и „Сремски фронт“, раскрсница која и те како ќе го астерети крвотокот во центарот на градското подрачје и ќе го направи нашиот сообраќаен метеж да биде многу мал“ – додаде Николов.
Како се приближува крајот на изборната кампања, возбудата расте, но се надевам дека штипјани во недела ќе знаат да го изберат најдоброто, додаде Николов.
Лаура Стојанова М-Нет