
Денеска во фоајето на Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип за првпат беше изложена облека од втора рака, различен вид накит како и детски играчки. Истите се продаваа по симболчна цена што може секој да си ја дозволи, но целта единствена да се соберат финансиски средства со кои ќе се купи лулашка за лицата со потребни потреби, бидејќи во Штип таква недостасува. Настанот започна во 12 часот, а посетеноста беше задоволителна.
„Денеска се наоѓаме на хуманитарен настан, кој се организира со цел промовирање на користење на облека од втора рака, односно облека која малку е користена и сега на некој начин се рециклира. Ние веќе собравме донации и ги одвоивме највпечатливите парчиња за да ги продаваме денес, имаме уникатен накит, облека, детски играчки, книги и други предмети и овде ги изложивме со цел да видат луѓето дека може да се купуват таа облека од втора рака во светот, но и кај нас. Сите средства кои ќе бидат соберени ќе бидат наменети за хуманитарна цел односно за купување лулашка за деца инвалиди, бидејќи таква нема во нашиот град“ – кажа Донева.
Кога хуманоста е ставена во преден план организаторите велат имало граѓани кои доаѓале, ги посетувале и едноставно, донирале. Паричните средства кои ќе се соберат денеска не се доволни за да се купи лулашката, но во иднина ќе се очекуваат донации и од поголемите фирми. Истовремено граѓаните може да си купат облека од втора рака и онлајн.
Донацијата на облека, накит, играчки и други предмети се собирани цела година, а се она што нема да се продаде ќе биде дадено во Црвен крст, за понатаму да стигне онаму каде што е најпотребно.
Лаура Стојанова М-Нет