
На 20 и 21 септември во Штип ќе се одржи 16. по ред Пастрамалијада. На улицата Ванчо Прќе, со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава. И годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија како и натпревар во брзо јадење.
„Имаме одлични изведувачи, пред се македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата Ванчо Прќе. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година, оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има мнолгу вибрации.“ – вели Кацаров.
Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од пастрмалијадата, со што ќе се понуди забава за сите генерации од седум до 77 години. Добра агенда, одличен синопсис и позитивни вибрации се очекувањата за оваа година.
„Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на Макфест, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо.“ – додава Кацаров.
Годинава за првпат ќе има и денски забави на „едносмерната“ улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалоци. На почетокот на септември на редовниот состанок ќе се одреди цената и стандардот на пастрамајлиите.
Инаку, до 15 септември улицата „Ванчо Прќе“ треба целосно да биде завршена, претворена во шеталиште и подготвена за оваа година манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ да се реализира овде.
Лаура Стојанова