Православните христијани со желба за добро здравје и среќа денес го празнуваат Преображение Христово

Со свеќа во рака и желба за добро здравје, среќа и мир православните христијани денес го посетија светиот храм св.Никола во централното градско подрачје во чест на еден од најголемите празници Преобржение Христово. Штипјани децидни дека денес е голем ден и поскауваат секои добри работи да се случуваат денес и секој следен ден.

„Многу убаво овој ден е свечен за сите, здравје, мир и среќа на сите нека дава. Свеќичка си запалеме, се молме за здравје за среќа, за се, за сите, за мир, среќа, повеќе пари, повеќе пензијата да се каче. Друго немаме ние лозје, за да има повеќе грозје, но лозарите ќе си имаат повеќе. Па да денешниот ден се празнува, токму там сум упатена да одам, празнуваме го како христијански празник еден од најголемите празници. Си носиме погача, палиме свеќа за здравје, помолеме се за здравје на најблиските за нас лично. Па традиционално како и секоја година. Дојде да се причестам денеска, постеме и така. Па само добрини и убавини, здравје. Денешниот празник ни е многу убав како и секоја година. Палам свеќичка сега не сум постила, па за да се причестам. Треба да постиш за да се причестиш. Па се најубаво најпрво живи и здрави, тоа е најважно, друго се ќе си дојде по ред.“ – велат граѓаните

Инаку Прображение Христово или Преображение Господово е христијански празник кој се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.

Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере и јаде грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.

Лаура Стојанова, М-Нет