
За 24 часа изгореа од 250 до 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села. Пожарот денеска е изгаснат со помош на вчерашниот дожд. Но, сликата на терен беше страшна. Гореа борови стари со години, а огнот се закануваше и на првите куќи како и на фотоволтаична централа во близина на селата. Во саботата за сообраќај беше затворен и патот од Пробиштип кон Штип, а помош во гасењето на пожарите имаше од Штип и Кавадарци.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, посочи дека приорите за пожарникарите било да се спасат домовите во Неокази каде огнот бид на три метри до првата куќа.
„Приоритет на сите нас беше да се спасат домовите на самите луѓе, за да нема поголема материјална штета. Она коешто денеска се констатира е дека има изгорено борова шума, а домови и друга инфаструктура нема оштетено“, вели Анастасов.
Според оцевидци и двата пожари во пробиштипско биле предизвикани од громови. Но. Благодарение на дождот и двата пожари се изгаснати, а дополнително ќе се утврдува вкупната штета. Освен борова шума нема регистрирано изгорени куќи и други објекти.
Анастасов вели дека и денеска дежураат пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип, забележано е тлеење на дрва, во опожарениот дел.
Лаура Стојанова М-Нет