Женска судиска четворка ќе го суди дерби натпреварот Брегалница – Кит Го Пехчево

Во сабота 5 декември ќе се одиграат натпреварите од редовното 15 коло на ВМФЛ – Исток во кое вниманието го привлекува натпреварот во Штип помеѓу Брегалница – Кит Го Пехчево. Денес беа делегирани и официјалните лица за овој натпревар и она што е најинтересното е тоа што судиската организација се реши за несекојдневен потег. Имено натпреварот во Штип е доверен на женска фудбалска четворка, главен судија ќе биде Ирена Велевачкоска од Прилеп. прв асистент ќе биде Билјана Миланова, втор асистент Елена Соклеска – Илиевски и четврти судија ќе биде Ивана Пројковска, сите од Скопје. За Контролор е делегиран Орданчо Ангелов од Неготино а делегат ќе биде Васко Кантарџиев од Струмица. Натпреварот Брегалница – Кит Го Пехчево ќе се одигра во сабота 5 декември со почеток во 13.00, со директен телевизиски пренос на Мнет ТВ.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk