Украдени пари од црквата „Св.Ѓорги“ во с. Будинарци

На 02.12.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во периодот од 29.11.2020 до 13.00 часот на 02.12.2020 непознати сторители со употреба на сила влегле во црквата „Св.Ѓорги“ во с. Будинарци и одзеле пари. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово и се работи на расчистување на случајот.