Наумов: Релативизација на бања Кежовица -Штип, по модел на Европските бањи

По модел на Европските бањи, бањата Кежовица во Општина Штип, ќе добие нов обновен лик и модел, на денешната прес конференција истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ТМРО, Лазар Наумов. Со самото тоа ќе дојде и до развој на туризмот во градот под Исарот.
„Релативизација на бања „Кежовица“ – Штип,со јавно, приватно партнерство, со темелна реконструкција и на бањскиот дел и на сместувачките капацитети, по модел на европските бањи, со кое што може да стане туристички центар на истокот!„ – стоеше во изјавата на Наумов.
Останаа уште 10 дена до завршувањето на предизборната кампања и пред почетокот на изборниот молк. Истиот започнува на 10 декември, четврток на полноќ.

Лаура Стојанова М-Нет